Српската пејачка Невена Божовиќ, која годинава ќе ја претставува Србија на „Евровизија“, се омажи со својот долгогодишен избраник, пилотот Никола Ивановиќ.
Глава славата беше приредена во Будва, родното место на нејзиниот сопруг Никола. Невестата носеше прекрасна, раскошна венчаница, а прославата беше организирана во тајност за сите припадници на медиумите.
Гостите ги забавуваа „Трио Густ“, „Фрајле“ и италијански бед, што беше посебна желба на младенците. На забавата присуствуваа 300 поканети гости, меѓу кои беа и Дијана и Срѓан Ѓоковиќ, родителите на светскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Невена Божовиќ победи на Беовизија и со песната „Круна“ на чиј аранжман работеше македонскиот композитор Дарко Димитров. Невена ќе ја претставува Србија на годинашниот Евросонг во Израел.