Модната дизајнерка Викторија Бекам ја пофалила својата пријателка и актерка Ева Лонгорија на социјалните мрежи за нејзиниот изглед и за тоа што за многу кратко време по породувањето, таа успеала да ја врати својата линија.
„Изгледаш одлично“, напишала Викторија, покрај големиот број пофални коментари од обожавателите.
Лонгорија во изминатиот период се соочила со голем број на негативни коментари и напади од фановите на социјалните мрежи, порачувајќи и дека изгледа дебело.
Светските медиуми пренесоа дека актерката достоинствено ги примила сите удари на сметка на нејзиниот изглед. Лонгорија се оправдала дека минатата година го добиле синот Сантијаго со Хосе Антонио Бастон, директорот на прочуената компанија „Телевиса“ и дека сакала да си даде време пред повторно да се врати во форма.
„Сакав на своето тело да му дадам време да се прилагоди по бременоста. Знаете, добив дете. Не брзав да се вратам во форма. Сега вежбам и внимавам што јадам. Полека се враќам во ритам. Сеуште сакам јога, вежбам во теретана, трчам, практикувам пилатес. Ги ротирам сите тие работи“, изјавила Лонгорија.