Најголемиот српски макро Михајло Максимовиќ, кој на крајот на февруари годинава беше уапсен, почнал да пишува книга во која ќе ги открие сите имиња на познати лица, поврзани со елитната проституција во Белград.
Адвокатот на Максимовиќ, изјавил дека неговиот клиент ќе ја разоткрие целата шема на проституција во Србија.
„По повод вестите во кои Максимовиќ е претставен како најголем макро, кој работел со проституција, сакам да ве известам дека мојот клиент сега пишува книга“, изјавил адвокатот на Максимовиќ.
„Книгата под насловот „Јавна тајна“ ќе ги разреши сите недоумици кои нашето општество ги има во врска со оваа тема“, изјавил Данило Николиќ за српските медиуми.
Максимовиќ во чиј каталог се наоѓале имињата на познати девојки со кои тој работел, во моментов е обвинет за трговија со луѓе и се наоѓа во притвор. Дел од девојките кои исто така се уапсени се познати дами кои учествувале во некои од ријалити шоута во Србија. Во притвор е и неговиот брат Душан Миленковиќ.
Девојките кои одлучиле да соработуваат со полицијата не се обвинети по ниту една точка и добиле статус на специјални сведоци. Клопчето почнало да се одмотува кога дел од девојките кои биле уапсени во хотел во Белград каде биле со турски државјани, одлучиле да го предадат Миленковиќ на полицијата.
Тие сведочеле дека Миленковиќ кон нив се однесувал насилно, ги принудувал да стават силикони на нивен трошок.
Српски моќници во паника поради книгата на Максимовиќ
Клиентите кои ги користеле услугите на девојките кои работеле за најпознатиот естраден макро Михајло Максимовиќ, на сите начини се обидувале да му испратат порака да не ги споменува во книгата „Јавна тајна“.
Книгата која Михајло почнал да ја пишува зад решетки, а во која ексклузивно открива за српски „Курир“, предизвикала паника меѓ голем број српски бизнисмени и политичари.
Извор за српски „Курир“ открива дека повеќето од нив не веруваат дека Михајло ќе ги објави имињата, но стравуваат дека доколку ги објави некои прекари и ги опише со што тие се занимаваат, читателите би можеле да ги препознаат.
Повеќето од клиентите се оженети
„На сите начини поединци кои со години ги користеле услугите на девојките на Михајло, се обидуваат преку посредник да му испратат порака во притвор и да го замолат да не ги споменува. Повеќето од нив стравуваат од своите сопруги, дека можат да ја дознаат нивната мрачна страна. Вистината е дека Михајло е запознат со голем број од деталите за нив“, открива близок пријател на Максимовиќ.