Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Мајк Тајсон, во интервју за британски магазин открил дел од пикантериите од својот приватен живот, кои досега не ѝ биле познатина јавноста.
„Ууште кога имав 12 години бев научен само да ги тепам луѓето, да ги скршам, да ги понижам. Но, вистината е дека бев само уплашено дете“, изјавил Тајсон.
Тајсон проговори и за потегот што му ја одбележа кариерата во ринговите, каснувањето за уво на Ивандер Холифилд.
„Кога од оваа перспектива ќе се навратам на тој момент, разбирам дека сè што направив во тој момент беше погрешно. Целиот живот, однесување, делата што ги направив, во и надвор од рингот, беа едноставно лоши, погрешни“, открива популарниот „Железен Мајк“.