Џони Галецки (44), ѕвездата од американската телевизиска серија „Теоријата на Големиот тресок“, објави дека го очекува своето прво дете со неговата девојка Ален Мејер (21).
Актерот познат по улогата на Леонард и неговата партнерка Ален, ја објавија среќната вест на „Инстаграм“.
Пресреќни сме што можеме да објавиме дека наскоро ќе му посакаме добредојде на нашето бебе во овој луд и прекрасен свет. Навистина постои љубов за сè“, напишала популарната двојка.
Галецки е роден во Белгија, а минатиот септември објави дека е во врска со Ален, објави магазинот People. „Форбс“ го проценил Галецки како втор најплатен телевизиски актер во 2018 година, со заработка од 25 милиони долари.