Адел бара момче преку апликација за запознавање

Светската пејачка Адел се пријавила на апликација која е исклучиво направена за запознавање на селебрити лица, пишува Мирор. Нејзини блиски пријатели говорат дека откако се разведе од бизнисменот Симон Конецки, пејачката е во потрага по нов дечко.

„Ова е голем чекор за Адел. На тоа ја наговориле нејзини пријатели. Ретко кога излегува надвор и ова се чинеше како најзигледен начин да запознае некого“, изјавил близок пријател на пејачката.

Адел направила апликација каква што имаат и некои други славни лица како што се Шерон Стоун и Дру Баримор. По повод 31. роденден, Адел опишала колку и било тешко минатата година. Изминатите година дена Адел признала дека и биле најтешките во нејзиниот живот.

Разводот пејачката долго време го криела, а странските медиуми пишуваат дека разделбата е резултат на честата одвоеност. Иако не се повеќе заедно, Адел и Симон изјавија дека ќе ги гледаат децата заедно.

 

 

Scroll to Top