Пријателката на Асанж, Челзи Менинг е ослободена од притвор

Поранешната известувачка аналитичарка Челзи Менинг по два месеца минати во притвор е ослободена во Александрија, во западна Вирџинија. Менинг беше во притвор затоа што одбила да сведочи прет поротата во случајот „Викиликс“, пренесува „Асошиејтед прес“.

Менинг мина 62 дена во притвор, а нејзините адвокати стравуваат дека таа на слобода ќе биде кратко време, затоа што е пуштена поради тоа што на поротата и истекол мандатот. Пред излегувањето од затвор, на Менинг веднаш и била доделена судска покана, во која од неа се бара да сведочи пред новата порота на 16 мај.

Адвокатите велат дека таа повторно ќе одбие да сведочи пред новата порота на 16 мај и дека можно е повторно да биде приведена. Менинг служела седумгодишна казна во воениот затвор поради давање на доверливи податоци на „Викиликс“.

 

Scroll to Top