Во новиот документарец за војвотката од Сасекс под наслов „Меган Маркл: филмови, брак и мајчинство“ кралската дописничка Ешли Пирсон ја открива причината за пропаѓањето не нејзиниот прв брак со холивудскиот продуцент Тревор Енгелсон.
Ешли вели дека филмската кариера на Меган е главната причина поради која таа не можела да продолжи да биде со Тревор. Двајцата се венчале во 2011 година, а претходно биле во врска седум години. Двојката во брак останала само две години. Сопругата на принцот Хари ретко кога зборува за врската и бракот со Тревор.
Во новиот документарец се говори за нивните несогласувања и причините за разделба. Ешли Пирсон раскажува дека нивната врска на далечина не можела да функционира идеално.
„Проблемот во тој брак беше оддалеченоста. По венчавката, Меган доби улога во серијата Suits и поради снимањата мораше да се пресели во Торонто, додека Тревор остана во Лос Анџелес. Таквиот брак не издржа“, изјавила Ешли.
Тревор неодамна се ожени со Трејси Курланд. Двајцата се венчаа година дена по кралска венчавка на Хари и Меган, а само шест дена по добивањето на нивниот прв син, принцот Арчи. Продуцентот ја побарал за сопруга богатата наследничка само две недели по кралската венчавка, а во врска се од ноември 2017 година.