Тина Тарнер доаѓа во Србија

Една од највлијателните пејачки во историјата на светската популарна музика, Тина Тарнер, во јуни ќе пристигне во Србија. Кралицата на рокенеролот во Белград ќе пристигне на приватна прослава кај еден нејзин пријател, успешен бизнисмен, кој со години живее и работи во Швајцарија.

Деталите од пристигнувањето на музичката ѕвезда ги открил еден од луѓето кои се дел од организацијата на забавата. Според него, поп-дивата во Берлград ќе престојува само еден ден, а друштво ќе ѝ прави нејзиниот сопруг Ервин Бах, со кого пејачката се венчаше во 2013 година.

„Тина ретко кога го напуша Цирих. Откако е омажена за Ервин, таа во Швајцарија го пронајде својот мир и стекна нови пријатели. Меѓу нив е и успешниот бизнисмен од Белград, кој работи и живее во Белград. Тој господин прави приватна забава, на која Тина нема да настапи, туку ќе ужива како и други успешни лица од целиот свет. Тина Тарнер и нејзиниот сопруг ќе бидат меѓу главните гости, но сето тоа се држи во строга тајност“, вели изворот.

Безбедноста на музичката ѕвезда ќе биде на највисоко можно ниво.

„Сè уште не е познато каде  ќе се одржи прославата. Неколку локации се земени предвид. Тина и нејзиниот сопруг ќе пристигнат со приватен авион и ќе бидат сместени во хотел, најверојатно под лажно име. Постои и можност забавата да се одржи надвор од градот, на голем имот. Секако полицијата ќе биде задолжена за безбедноста на пејачката. Тоа е нормална процедура кога е во прашање ѕвезда како Тина Тарнер“, објаснува изворот.

 

 

Scroll to Top