Во документарниот филм на „Би-Би-Си“, A Royal Team Talk: Tackling Mental Health, принцот Вилијам зборува за смртта на својата мајка принцезата Дајана.
Документарецот се занимава на темата за ментално здравје, а за време на снимањето, принцот Вилијам открил дека по трагичната смрт на својата никогаш прежалена мајка, почувствувал болка како никогаш претходно.
„Многу размислував за тоа и се обидувам да разберам зошто вака се чувствувам, но мислам дека кога сте млад, болката на тага и осаменост е многу поголема од која било друга болка“, изјавил Вилијам.
Принцот објаснил дека позитивна работа во целата таа ситуација со неговото семејство е тоа што успеал да се зближи со лица кои имале слично искуство.
„Ваквите семејни трагедии те зближуваат со лица кои доживеале и се нашле во слични вакви ситуации. Тие сакаат да разговараат за тоа, но сакаат ти да бидеш првиот кој ќе почне да зборува. Сакаат да знаат дека е во ред да разговараат за тоа и тоа е во ред. Бев многу депресивен. Бев полн со негативни чувства. Тоа беше тежок емотивен терет“, изјавил Вилијам.
Вилијам признал дека по губењето на неговата мајка, тој се чувствувал депресивно. Вилијам често со неговиот помлад брат, принцот Хари зборуваат за тоа како се носат со смртта на својата мајка. Особено додека ја промовирале нивната кампања Heads Together која се занимава со емотивното здравје.
Кампањата ги охрабрува и поттикнува луѓето да разговараат за своите проблеми и да ги слушаат другите како се соочуваат со трагичните настани.