Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ – Раста и старлетата Анџела Вештица ги згрозиле гостите во хотел во Берлин, откако, наводно, на базенот на хотелот пушеле џоинт, пишува српски „Телеграф“. Тие се опијаниле и кршеле шишиња и чаши, правеле галама и ги вознемирувале гостите.
„Раста и Анџела не знаат пристојно да се однесуваат. Не се знае каде пошокантно се однесуваа, дали на настап или во хотелот каде беа сместени заедно со остатокот од бендот на Раста. Се дрогираа покрај базенот, па тоа го објавија на социјалните мрежи. Другите гости во хотелот беа згрозени од нивното однесување и галамата што ја правеа“, рекол извор за „Телеграф“. Тој додал дека раперот воопшто не обрнувал внимание на туѓите коментари.
И Анџела била непријатна со гостите, но и со вработените во хотелот.
„Кога почна да мота џоинт сите останаа во шок. Се смееја и се изживуваа над вработените во хотелот, потоа се префрлија во соба каде нарачуваа алкохол. На Раста таквото однесување не му доликува зашто има дете“, додал изворот.
Ова не е првпат Раста јавно да користи наркотици. Неодамна објави видео на кое мота џоинт во банкнота од 500 евра.