Синот на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ, Вељко, денеска ќе боксува против Хрватот Петар Мрваљ. Овој меч ќе се одржи во рамки на боксерската манифестација „Подарок Белград“, во салата „Ранко Жеравиќ“. Вељко вели дека е во голема форма и покрај тоа што синоќа малку се потрошил на роденденската журка на неговата сестра Анастасија.
Покрај нив двајца ќе боксуваат и Марко Николиќ, кој ќе се бори за медитеранската титула со Италијанецот Адријан Сеперанди. Централниот дел од настанот ќе го означат најдобриот српски боксер во тешка категорија Бобан Филиповиќ, кој во рамки на овој настан ќе се прости од овој спорт.
Овој меч ќе претставува централен дел на настанот. Адријан ќе се соочи со Хрватот Марин Голеш, кој во текот на својата кариера има остварено 24 победи и четири порази. Марин има освоено појаси во WBF и WBA категориите.
„Чест ми е што ќе можам да се простам во мојот град, семејството и пријателите. Се надевам дека ќе ја освојам титулата. Станува збор за голем противник, но се надевам дека ќе заминам во заслужена пензија во голем стил. Заедно со мојот тим одиме на победа“, изјавил Филиповиќ, кој во март гостува во Виена каде боксува против прочуениот Дени Вилијамс.
Филиповиќ во кариерата има скор од 25 победи и само еден пораз, со аматерски скор 14/14, како и пет профи меча кои не се верификувани. Утре се бори за WBC титулата. Покрај Филиповиќ, Николиќ и Ражнатовиќ. во рингот ќе се појават и Никола Сјеклоќ и Владен Бабиќ.