(Фото) Цела српска естрада кај Анастасија на роденден

By

Српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ синоќа го прослави 21. роденден во ресторан во Белград. Меѓу гостите беа голем број имиња од музичката естрада.

Прва на роденденската забава пристинга мајката на Анастасија, Цеца, заедно со нејзината идна снаа Богдана Родиќ и децата од нејзината сестра Лидија. Нејзиниот син Вељко дојде со мало задоцнување поради боксерскиот меч.

„Славиме со малку задоцнување, но важно е да се прослави. Како мајка ѝ посакам сè најдобро на Анастасија, а што се однесува до колегијалната страна, ѝ посакувам уште поголем успех“, изјавила Цеца.

Меѓу ѕвездите кои се најдоа на забавата беа Маја Беровиќ, Харис и Мелина Џиновиќ, Саша Матиќ, Жељко и Јована Јоксимовиќ и други. На роденденската забава стигна и Слоба Радановиќ, кој беше ангажиран за музичкиот дел и забавувањето на гостите.

 

Ќе ви се допадне