Актерот Том Круз и забранил на неговата поранешна сопруга Никол Кидман да присуствува на венчавката на неговиот син Конор. Никол Кидман која важи за една од најпопуларните австралиски актерки има нарушени односи со нејзините две посвоени деца, кои ги има од нејзиниот прв брак со Том Круз.
Медиумите пишуваат дека Кидман нема никаков однос со Изабела и Конор, поради нивната поврзаност со скиентологијата. Кидман не присуствувала ни на венчавката на ќерката Изабела, иако во тие моменти се наоѓала во истиот град. За посвоените деца со Том Круз таа изјавила дека сега се возрасни лица и можат да носат свои одлуки.
„Ја избраа скиентологијата и мене, како мајка, должност ми е да ги сакам. Јас сум пример за толеранција и јас верувам дека без разлика што моите деца прават, децата треба да знаат дека има достапна љубов за нив кај мене и јас сум отворена за тоа“, вели Кидман.
Актерката сега е во брак со пејачот Кит Урбан и ги има двете ќерки, десетгодишната Сандеј Роуз и две години помладата Фејт Маргарет. Кидман вели дека таа не сака да ги крие своите деца од очите на јавноста и медиумскиот притисок. Актерката неодамна објави фотографии со своите ќерки на социјалните мрежи.
„Јас не сум ништо без љубовта на моето семејство“, напишала Кидман.