(Видео) Полугола девојка истрча на теренот на мечот Ливерпул и Тотенхем

Финалниот натпревар во Лига на шампиони меѓу Ливерпул и Тотенхем за момент беше прекинат откако на теренот се појави оскудно облечена девојка.

Обезбедувањето веднаш реагираше за да ја тргне и натпреварот за кратко продолжи. Во моментов Ливерпул води против Тотенхем со 1:0 со реализираниот пенал на Салах.

Според неколку британски веб-сајтови се работи за рускиот модел за костими за капење, Кинси Волански, инаку девојка на познатиот руски „јутјубер“ Витали Здоровецкиј, попознат по неговиот канал со невкусни шеги „VitalyzdTV“, и сајтот „Vitaly Uncensored“.

Токму овој сајт беше на градите на Волански кога таа истрча на теренот на „Ванда метрополитано“. Самиот Здоровецкиј има забрана за присуствување на големи спортски натпреварувања, поради повеќе обиди да се влезе на терен, вклучувајќи го излетувањето на финалето на СП во 2014 година.

Моќта на социјалните мрежи се покажа веднаш – пред излегувањето на теренот, Волански имаше десетина илјади следбеници на Инстаграм, а само час подоцна има повеќе од половина милион.

 

 

 

Scroll to Top