Цеца и подари накит на Анастасија вреден 10.000 евра

Анастасија Ражнатовиќ за својот 21 роденден, доби подарок вреден 10.000 евра од својата мајка српската пејачка Цеца Ражнатовиќ. Накитот од бело злато со дијаманти го направил нивен пријател златарот Небојша Бојовиќ.

„Цеца никогаш не штедела кога се во прашање нејзините деца. Многу е горда на Анастасија, која стнаала сериозна девојка и која умее да се грижи самата за себе. Затоа и се воодушеви кога слушна дека самата ќе ги сноси трошоците за својата забава“, вели извор близок до семејството.

Откако успешно ја гради својата музичка кариера, Анастасија станала финансиски независна, па затоа Цеца решила да ја изненади со скапоцениот накит.

„Од првиот ден хитовите на Анастасија се во тренд. Има милиони прегледи на „Јутјуб“ и одлично профитирала од песните кои ги снимила“, вели пријателот на семејството Ражнатовиќ.

Scroll to Top