Коментаторите на Арена Спорт: Радувај се Македонијо и чувај го Вардар

Коментаторите од „Арена Спорт“ кои го следеа финалниот натпреварот меѓу Вардар и Веспрен, Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ во текот на целиот натпревар навиваа за македонскиот клуб.

Македонија за жал освоениот европски пехар го прославија без коментар на македонски јазик. Но, затоа Сретен и Стеван како и на полуфиналниот натпревар против Барселона, се радуваа на секој постигнат гол асистеницја и потег на ракометарите на Вардар.

Стеван во интервју за Спорт1 изјавил дека ја запросил својата сопруга на Свети Наум и емотивно е врзан за Македонија можеби затоа ветил дека, ако Вардар стане шампион ќе доајде во Скопје на прослава.

Вечерашново финале со Веспрем го завршија извикувајќи гласно:

„Вардар е првак на Европа. Радувај се, Македонијо и чувај го овој клуб“.

(фото: Спорт1.мк)

 

Scroll to Top