Актерот Мајкл Даглас (74) ја продава својата вила во Мајорка за цена од 32,4 милиони долари. Луксузната вила во Шпанија, Даглас ја купил пред 30 години за цена од 3,5 милиони долари.
Оскаровецот објавил и видео за да ги заинтересира потенцијалните купци. Со вилата доаѓаат и вински подрум, огромни полиња со маслинoви граничиња, базен и приватна плажа.
Откако Даглас ја купил вилата, цената и пораснала драстично, а на имотот има и седум згради, две викендици, пет апартмани, десет спални соби, 11 бањи, библиотека и театри. Имотот има и богата историја.
Бил изграден за војводата Лудвиг Салватор. На овој имот некогаш одморале и ѕвездите Том Круз, Никол Кидман, Мишел Фајфер и Џек Николсон. Ова не е прв пат Даглас да се обиде да ја продаде вилата. Пред пет години актерот ја дал на пазарот за недвижности и за неа барал 60 милиони долари.