Јане Велковски (11) кој боледува од спинална мускулна атрофија, вчера на стадионот „Тоше Проески“ за време на тренингот на македонските и полските фудбалски репрезентативци се дружеше со капитенот Горан Пандев и најдобриот полски играч Роберт Левандовски.
Двајцата фудбалери му потпишаа автограми и се сликаа со него. Речиси нема кој не го знае Јане во УЕФА, која снимии и сторија за него и за тоа колку го сака фудбалот и желбата да заигра фудбал. И најубавата фотографија на Суперкупот во Скопје е онаа на Јане пред посетерот на Роналдо.
Напаѓачот на Баерн, Левандовски, заедно со Милик од Наполи и првиот човек на полската федерација, Збигњев Боњек се интересираа за ситуацијата со Јане, кој беше среќен додека го гледаше тренингот на македонските и полските репрезентативци.