Ѕвездата од „Пријатели“ Џенифер Анистон во разговор со водителката Елен Деџенерес, вели дека се гордее со својот изглед и дека со задоволство ја истакнува својата фигура на насловните страни на познатите списание. На Анистон соблекувањето и дава големо задоволство и ги советува сите да не се срамат од голотијата.
Анистон вели дека сака да биде гола и дека нема од што да се срами, иако е жена во педесетите години. Актерката неодамна позираше топлес за списанието Harper’s Bazaar. Анистон вели дека се грижи за својот изглед, тренира и води сметка за своето тело.
„Не се срамам од голотијата. Мислам дека никој не би требало да се срами“, изјавила Анистон.
Актерката ја споменала и несреќата која ја доживеала во февруари, кога со приватен авион требало да отпатува во мексиканското летувалиште Кабо Са Лукас. Поради дефект, таа морала присилно да слета во Калифорнија. Ова патување требало да биде дел од прославата за 50. роденден на Џенифер.
„Тоа што се случи беше турбулентно. Сите почнавме да се јавуваме на најблиските. Додека размислував на кого да се јавам ми стигна порака од Елен. Си помислив дека имам некој кој ме сака, а тоа беше Елен“, вели Џенифер.
И покрај стравот од летање, актерката вели дека останала мирна додека кружеле околу аеродромот со саати пред да слетаат.
„Тоа само покажува колку е ирационален стравот од летање“, изјавила Анистон, која на крај изјавила дека сака да се соберат повторно сите актери од „Пријатели“.