Брена: Порано немав ни за леб, гладував со денови

Една од најголемите музички ѕвезди на овие простори Лепа Брена, во едно од своите последни интервјуа раскажува за тешкиот живот кој го имала во својата младост. Таа вели дека не можела отсекогаш да ужива во луксузот во кој живее сега и дека се случувало понекогаш да нема ни за леб.

Брена раскажува и за првиот нејзин настап кога ја имала првата и последна трема во животот. Пејачката се потсети на своите школски денови велејќи дека во петто одделение на часот по музичко била под казна, а учителката Радмила Чаиќ и се заканила дека ќе пее како солистка на натпреварот на Млади градители.

„Многу се налути и ми рече да излезам надвор, да застанам пред микрофонот и да изберам песна за натпреварот. Ми рече дека од сега ќе бидам солистка, за да се смирам. Ја одбрав песната „Свири уште пријателе мој“ од покојниот Кемал Монтено. Таа песна ја пеев и по дома, каде и да седневме во друштво во кое имавме гитара“, изјавила Брена.

„За време на натпреварот срцето ми тропаше, мислев дека ми шета по целото тело. Малку во грлото па во главата, па ми застана во градите. Беше тоа мојата прва и последна трема во животот. Кога почнав да пејам, по 10, 20 секунди добив силен аплауз и тој ги разби сите мои стравови. Сватив дека пеењето е составен дел од мене. На тој натпревар го освоив првото место“, открива пејачката која за време на студентските денови сватила што значи сиромаштијата.

„Студирав шест месеци и прв пат почувствувам што значи да се биде гладен. Како студент спиев во мала студена соба. Прв пат бев без пријатели. Тогаш сватив што значи моето семејство, мојот град, моето друштво. Колку уживав со нив. Како студентка живеев неуредно. Немав пари за сите три оброци“, изјавила Брена додавајќи дека секогаш штедела пари за патувања со колегите.

„Јадев леб, јогурт и паштета. Кога ќе посакав нешто слатко, ќе го засладев со шеќер јогуртот. Кога сакав нешто солено, малку ќе го посолев. Тоа траеше околу шест месеци. Тогаш сватив дека не можам да живеам така и дека тоа е кучешки живот. Тогаш одлучив да почнам со работа“, раскажува Брена.

Пејачката по десет години се враќа во Арената во Загреб, а музичкиот спектакл во најголемата хрватска сала ќе се одржи на 14 декември. За само 24 часа продадени се повеќе од 2000 влезници.

 

Scroll to Top