Полицијата во Стара Пазова го уапси Неџад Рамиќ, братот на фолк-пејачката Сека Алексиќ, поради сомневање дека извршил кривично дело изнудување пари. Против него е поднесена кривична пријава, а полицијата се сомнева дека тој неколкупати доаѓал во продавница во Стара Пазова и со закани му барал на сопственикот да му исплати 2.000 евра. За време на апсењето, кај осомничениот Неџад била пронајдена банкнота од 500 евра.
По наредба на надлежниот обвинител, Неџад ќе биде задржан 48 часа, по што ќе биде доведен пред судија во Основното јавно обвинителство во Стара Пазова.