Овен
Посветете се на новите деловни договори. Немојте премногу да се навраќате на старите. Доаѓа време на промени. На љубовно поле обидете се да научите од грешките во минатото. Со здравјето сè е во ред, но обидете се да ги избегнувате сите пороци.
Бик
Ќе бидете упорни да го завршите она што го имате наумено. Ако приоритет ви е деловниот успех, нема сомнеж дека ќе успеете да го остварите. Можно е да имате несогласувања со вашиот партнер, затоа што имате различни погледи кон светот. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на главоболката.
Близнаци
Очекувајте дека ќе најдете работа која сосема ќе ви одговара на вашите способности. Очекувајте убави моменти на ова поле. Доколку ви се допаѓа некоја личност која сте ја запознале неодамна, нема да ви биде тешко да го најдете патот до нејзиното срце. Внимавајте на здравјето и проблемите со холестеролот.
Рак
Финансиската ситуација не ви е стабилна. Самата помисла на тоа е фрустрирачка. Не сте подготвени за поголеми и посериозни потези на љубовно поле иако партнерот ги очекува. Пред вас е неповолен период. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на крвотокот.
Лав
Пред вас е период на прилагодување на новите деловни околности и промените кои настанале. Доколку сте во брак ќе имате проблеми и заладување на односите со вашиот партнер. Кризата би можела да потрае подолго време. Внимавајте на здравјето и проблемите со алергиите.
Девица
Денешниот ден не е поволен за вас. На полето на работа ќе имате нови грижи и проблеми. Ниту на љубовно поле работите не ви се сјајни. Полека го губите вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Намалениот имунолошки систем може да предизвика сериозни заболувања.
Вага
Ќе се сконцентрирате на решавање на големиот број предизвици кои ќе ви претстојат во наредниот период. Ќе донесете значајни одлуки на деловно поле. За оние кои се во брак, очекувајте идеален однос со вашиот партнер. Имате чувство дека работите си се на свое место. Сè е во ред со вашето здравје. Полни сте со енергија.
Скорпија
Решени сте да донесете одлука и не сакате никој од вашето деловно опкружување да влијае за нејзина промена. Имате симпатии кон одредена личност која досега не покажала дека има какви било симпатии или чувства кон вас. Потребно е време за да ве запознае. Внимавајте на здравјето и можните проблеми со болките во стомакот.
Стрелец
Очекувајте во текот на денот ваш близок и деловен партнер да ви направи проблеми на работното место. Ви претстои интересен ден на љубовно поле. Многу лесно би можело да ви се случи некое ново познанство. Внимавајте на здравјето и проблемите со чувствителната кожа.
Јарец
Ги немате решено старите, на повидок ви се нови проблеми. Се чувствувате оптоварено на ова поле. На љубовно поле работите се подобри. Личноста која ви се допаѓа ќе го направи првиот чекор. Внимавајте на здравјето и проблемите со срцето.
Водолија
Среќата е на ваша страна и работата конечно ќе ви тргне. Можете да очекувате позитивни случувања на ова поле. Сакате вашиот однос со саканата личност да напредува. Ќе ѝ предложите брак или заеднички живот. Немате никакви проблеми со здравјето.
Риби
Доколку се занимавате со приватна работа, ќе успеете да ги остварите зацртаните планови. Сакате да разговарате со саканата личност за тоа во кој правец ќе се одвива вашиот однос. Внимавајте на здравјето и проблемите со дигестивниот систем.