Мик Џегер по операцијата на срце подготвен за турнејата

Музичката ѕвезда од „Ролинг Стоунс“ Мик Џегер по направената операција на срцето, вели дека здравјето го служи и дека ќе биде подготвен за летната турнеја која планира да ја почне на 21 јуни во Чикаго.

„Се чувствувам добро. Во изминатите неколку недели вежбан со интезивно темпо“, изјавил Џегер за радио станицата Q107 во Торонто, додавајќи дека често посетува теретана.

Бендот објави на крајот на март дека планираната летна турнеја низ Северна Америка ќе биде одложена поради нарушената здравствена состојба на Џегер. Пејачот им се извини на фановите, велејќи дека ќе направи сè што е во негова моќ повторно да се врати на сцената.

„Ќе се обидеме да направиме и изведеме нешто што не сме го извеле во поселдно време. Луѓето најчесто не сакаат многу необични работи. Луѓето сакаат малку необични, не 100% необични работи“, изјавил Џегер.

Scroll to Top