Летен хороскоп за 2019 година

Овен

Подгответе се за лето кое ќе биде многу поинкаво отколку што сте навикнале. Но покрај драстичните и неочекувани промени во вашиот живот, ова лето ќе биде едно од незаборавните. Ќе завршите многу работи, но ќе бидете уморни, па сите награди кои ќе ги добиете во иднина како резултат од вашата вредна работа ќе направат да се исплати тој труд!
Ако сте во љубовна врска, може да се јават потешкотии. Со партнерот ќе успеете да ги средите работите и да ја зацврстите вашата врска до крајот на летото. Ако сте сингл, најверојатно статусот ќе ви остане ист, бидејќи ќе бидете фокусирани на други области од вашиот живот.
Летото ќе го поминете само во работа оти ќе сакате да работите за да го промените својот живот на подобро. Повремено ќе се чувствувате уморни и немотивирани, но ова брзо ќе помине. И сета оваа работа ќе донесе убава финансиска награда на крајот. Напорното работење може да му наштети на вашето здравје, па затоа треба да направите некое време пауза. Сепак, ќе се чувствувате свежи, фокусирани и спремни да се носите со што и да е во текот на летото.

Бик

Некои луѓе летото го прават да биде само забава и опуштање, а сета тешка работа ја завршуваат во текот на преостанатиот дел од годината. Но вие може да работите многу и да правите повремени паузи за да поминувате време со луѓето кои ги сакате. Пред вас е добро лето, но не очекувајте ништо спектакуларно. Ова лето ќе има многу моменти исполнети со љубов. Ако во моментов сте сингл може да сретнете некој возбудлив. Но, ќе морате самите да ја создадете оваа можност – не само да чекате љубовта да ве најде. Вие треба да се сложувате добро со другите земјени знаци (бик, девица, јарец) и по малку со огнените знаци (овен, лав, стрелец).
Ќе работите многу вредно во текот на ова лето и тоа ќе ви овозможи да трошите многу кога не сте на работа. Наспроти сето тоа трошење, би требало да ви останат пари кон крајот на летото, а вие ќе бидете под искушение да инвестирате во нешто навистина големо – нов автомобил, стан, куќа, бизнис…
Не треба да заборавите на здравиот живот. Обидете се да направите нешто во врска со стресот кој полека е се повеќе присутен во вашиот живот. Јога и медитација се од голема помош за многу луѓе со слични проблеми.

Близнаци

Пред вас е одлично лето,  но ќе мора да го сфатите овој потенцијал самите со тоа што ќе бидете храбри кога станува збор за летните авантури и внимателни кога станува збор за работа и финансии.
Во љубовта ќе има подеднакво добри и лоши работи. Односот со вашиот партнер може повремено да стане тензичен. И двајцата ќе сакате да ги исполните летните денови со авантура, но ќе имате различни претстави за тоа какви авантури сакате. Ако во моментов сте сингл, ова ќе ви одговара во текот на летото бидејќи нема да морате да правите никакви компромиси. Вашите односи со други важни луѓе во вашиот живот ќе бидат најчесто добри, особено со рибите и другите близнаци, кои ќе ви покажат еден сосема нов поглед кон светот.
Мотото работете многу и забавувајте се многу би требало да го следите ова лето. Ако не, може да се најдете во некои финансиски проблеми. Често ќе немате концентрација на работа, но ако ја подобрите вашата работна ефикасност, можете да ги завршите работите и да уживате во летото истовремено.
Со сето трчање наоколу што ќе го правите во текот на ова лето, вие веројатно ќе бидете во подобра форма отколку претходно. Но ова не значи дека нема целосно да имате проблеми со здравјето.

Рак

Ова лето ќе донесе многу предизвици во вашиот живот, но повеќето од нив ќе помогнат да напредувате како личност и да напредувате во вашата кариера и приватен живот. Ако сте сингл, ова е лето кое треба да го исчекувате. Тоа ќе донесе многу можности за романса, па обидете се да бидете шармантни кога ќе среќавате луѓе за кои сте заинтересирани. И ако сте веќе во врска, ова лето ќе донесе некои можности. Затоа бидете внимателни и паметни кога среќавате нови луѓе.
Ова лето големи се шансите да имате некои предизвици на работното место и позитивни и негативни. Позитивните ќе се однесуваат на вашата способност да ги направите деновите поефикасни, а негативните ќе ги тестираат односите со вашите соработници. Лошите финансиски грешки од почетокот на летото ќе ве научат на важна лекција и ќе ве мотивираат да почнете да ги планирате вашите финансии многу повнимателно.
Здравјето секогаш ги загрижува раковите бидејќи не знаете кога да запрете кога правите нешто. Ќе имате повремени промени во расположението што ќе придонесе некои денови да се одлични, а некои особено тешки.

Лав

Вие ги сакате многу луѓето кои се дел од вашиот живот. Понекогаш и премногу, и некои од овие луѓе ќе се чувствуваат под притисок поради сето ваше внимание. Ако сте во врска, проверете дали му давате доволно простор на партнерот. Ако сте сингл, вие можеби ќе сакате да останете сингл за сега, бидејќи вашите летни романси е малку веројатно дека ќе испаднат така како што посакувате.
Ова лето ќе работите многу, но не и за пари. Чувството за лично достигнување ќе ви биде многу поважнова и работата ќе ви пружи многу задоволство на овој начин. Бидејќи не се грижите толку многу за пари, вие може да се најдете во некоја мала финансиска неволја пред да заврши летото. Тоа ќе се случи особено ако се почестите себеси со луксузни одмори.
Вашето физичко здравје ќе остане непроменето во поголемиот дел, но вашето ментално здравје може да биде во опасност. Сите притисоци, стрес и големи очекувања може да предизвикаат проблеми со спиењето.

Девица

Ако сте веќе во врска, можете да очекувате дека ќе се случат помали конфликти. Ако сте сингл, најверојатно ќе сретнете некоја нова личност, но за жал вашиот ум нема да биде на вистинското место за да започне сериозна врска. Вие ќе имате добар однос со вашето семејство и повеќето пријатели, со можен исклучок на тие што се родени во знаците на лав или овен.
Ќе се обидете да работите вредно ова лето, но нема секогаш да бидете ефикасни колку што би сакале. Бидете внимателни во јули кога може да правите грешки. Ако направите грешка, тоа веројатно ќе предизвика конфликт со некој од вашите соработници. Но работите нема цело време да бидат лоши – овој конфликт ќе направи да размислите повторно за вашиот однос кон работата.
Вашите грижи ќенаправат да чувствувате умор и исцрпеност. Вие нема да можете целосно да го спречите ова, но ќе можете да ја минимизирате штетата со здрава исхрана и доволно спиење. Кон крајот на јули, кога деновите во поголем дел ќе бидат сончеви, вашето расположение ќе биде одлично.

Вага

Ако сте во сериозна врска вие и вашиот партнер може да имате мала криза, веројатно во јули или август. Тоа што ќе запознаете некој странец сигурно нема да помогне во ситуацијата. Ако сте сингл запознавањето со некоја странец може да биде ново поглавје во вашиот живот. Вашите други врски нема да понудат толку многу возбуда.
Вие ќе се обидете да работите многу ова лето за да поставите посигурни темели за вашата иднина. И додека вашите напори ќе бидат успешни за време на првата половина од летото, втората половина нема да биде добра за вас. Финансиите делуваат охрабрувачки – не треба да очекувате големи богатства, но би требало да имате доволно пари за да живеете удобен живот во текот на летото.
Вие најверојатно ќе имате многу енергија на почетокот од летото, и затоа ќе вложите голем напор. Но вашите резерви на енергија нема да бидат неограничени, па затоа ќе почнете да се чувствувате уморни во јули. Некои помали здравствени проблеми ќе се случат во тој период, но би требало да се вратите на старо само ако се одмарате доволно.

Скорпија

Ако сте веќе во врска, ќе можете да очекувате многу убави летни авантури заедно со вашиот партнер. Ако сте во моментов сингл, можете да сретнете некој нов, но мала е веројатноста за сериозна врска. Вашите односи со семејството и пријателите ќе напредуваат делумно поради вашата неверојатна енергија и делумно поради вашата почит за сите луѓе во вашиот живот.
Ќе работите колку што ќе можете и ќе постигнете добри резултати. Немојте да се разочарувате бидејќи овој став ќе биде по ваш избор, бидејќи најмногу ќе се фокусирате на вашиот приватен живот ова лето. Понекогаш може да има недостаток од пари и ако дојдете до тоа очајно да ви треба заем, вашите пријатели и семејство ќе ви излезат во пресрет да ви помогнат.
Нема никакви проблеми со здравјето и вие веројатно ќе се чувствувате одлично. Може да очекувате краток период на потешкотии кон крајот на летото, кога вашето тело нема да може повеќе да се носи со вашиот ентузијазам. Ова може да биде период кога здравстените проблеми од вашето минато ќе се јават повторно.

Стрелец

Ако сте сингл, ќе имате средба со некој возбудлив човек, кој подоцна може да има важна улога во вашиот живот. Ако сте во врска вие двајца може да очекувате вистинска летна забава што ќе ве зближи уште повеќе. Вашите односи со пријателите ќе бидат подобри од кога и да е, но вашите односи со луѓето на работа може повремено да бидат лоши. Особено со луѓе кои се родени во водените знаци (рак, шкорпија, риби), па бидете внимателни кога сте во нивно друштво.
Ќе донесете свесна одлука да работите помалку ова лето, па затоа не можете да очекувате одлични резултати и одлични односи и со соработниците и со шефовите. Но, би требало да имате повеќе од доволно пари за да уживате целосно во летото.
Може да се случат некои здравствени проблеми особено во јуни или кон крајот на август, поврзани со активниот начин на живеење. Тоа значи дека ќе мора малку да запрете барем додека повторно не почнете да се чувствувате добро. Внимавајте на вашето ментално здравје бидејќи летото ќе донесе големи предизвици за вас во овој дел.

Јарец

Ќе чувствувате многу љубов ова лето. Прво од вашиот партнер, а ако се уште немате партнер, бидете сигурни дека летото ќе донесе можност за убава романса. Дали ќе ја искористите оваа шанса останува целосно на вас. Вашите односи со семејството и пријателите ќе бидат одлични, исто така, но вие можеби ќе влезете во повремени конфликти со другите луѓе. Тоа особено ќе се случи со воздушните знаци (близнаци, вага, водолија) бидејќи тие нема да ги разберат мотивите зад вашите дејствија.
Ќе имате некои конфликтни ситуации на работното место на почетокот од летото бидејќи вие и вашите соработници ќе се обидете да ја завршите работата колку е можно побрзо, а потоа да уживате во летото колку што е можно повеќе. Најверојатно ќе направите некои грешки, па затоа да не очекувате било какви финансиски бонуси од вашите шефови оваа година.
Вашето ментално здравје треба да биде подобро од кога и да е, бидејќи ќе имате доволно време да се опуштите и да размислите за вашите одлуки. Но вашиот опуштен став ќе донесе нешто лошо бидејќи вие ќе го запоставите вашето физичко здравје. Веднаш направете нешто ако ги приметите првите знаци на потенцијална болест.

Водолија

Вашиот љубовен живот изгледа добро. Ќе се сложувате добро со вашиот партнер и ќе минувате многу пријатни моменти заедно. Може да влезете во конфликт со некои членови од вашето семејство во врска со изборите кои сте ги направиле во животот, но да не заборавите дека не се сите конфликти лоши. Некои можат да доведат до решенија.
Летото може да донесе некои мали финансиски проблеми. Ова е делумно на некој став кон работата и делумно поради зголемените летни трошоци. И поради сето ова, вие ќе мора да работие вредно поголемиот дел од летото.
Летово ќе ја разбуди во вас желбата да бидете послаби. Тоа е добро за вас, но повремено не и за вашето семејство бидејќи ќе сакате да минувате поголем дел од вашето слободно време во теретана. Но, после секоја физичка активност ќе се подобри вашето расположение и вашите односи.

Риби

Иако вашиот однос со партнерот може да е одличен, некои од вашите односи со пријателите може да страдаат. Без сомнение тоа е последица од вашето немање слободно време. Ако сакате да ги зачувате вашите пријатели, ќе треба да најдете начин да поминете некое време со нив. Ако сте сингл во моментов, може да се случи да запознаете некој кој е многу возбудлив, но вашите идеи за вашата врска веројатно ќе бидат многу различни.
Ќе работите повеќе отколку што сакате, но сепак помалку отколку што ќе ви треба. Ова ќе донесе неколку непријатни последици. Прво, повремено ќе се чувствувате уморни и заситени од вашата работа. И второ, парите ќе доаѓаат повремено и со потешкотии особено кон крајот на летото, по одморите.
Вашето ментално и физичко здравје веќе некое време е добро и ќе остане такво во текот на летото. Меѓутоа, треба да посветите повеќе внимание на вашата дневна рутина на исхрана бидејќи малите грешки кои ги правите сега, може да станат големи проблеми еден ден во иднината.

Scroll to Top