Италијанката Џузепина Робуки, која според наводите на властите, била најстара личност во Европа и втора најстара во светот, почина денес на 116 годишна возраст.
Робуки живеела во населбата Поџо Империјале, на југот на Италија, место каде и била родена на 20 март 1903 година, пренесува италијанската агенција ANSA.
Роберт Јунг од Геронтолошката истражувачка група, чие седиште е во САД, изјавил дека Робука била последната личност која е родена во Европа во 1903 година, наведува агенцијата „Асошиетед прес“.
Таа била само два месеци помлада од моментално најстарата личност на светот Кане Танака од Јапонија, која е родена на 2 јануари 1903 година.
Робуки имала пет деца, девет внуци и 16 правнуци. На листата на луѓе кои надјолго живееле, Робуки го завземала 17. место.