Рита Ора го откажа концертот во Исланд

Пејачката Рита Ора го откажа концертот во Исланд кој беше закажан за овој викенд поради здравствени причини. Рита требало да настапи на фестивалот Solstice.

„Многу ми е жал што морам да ве известам дека нема да можам да настапам на фестивалот Solstice на Исланд како што беше планирано. Се борам со инфекција на градниот кош и докторите ме советуваа да се одморам за целосно се опоравам. Бев толку возбудена што ќе го минат времето на Исланд и ќе бидам дел од фестивалот“, напишала пејачката.

„Никогаш не ги откажувам настапите. Секогаш сум благодарна за секоја укажана можност за настап. Посебно сум разочарана и тажна што ќе ги изневерам моите фанови. Жал ми е што нема да бидам таму. Сите ве сакам и ви благодарам за поддршката. Однапред се радувам што ќе се видиме на Solstice во 2020 година“, напишала Рита.

Пејачката покрај концертите, вниманието кон себе го привлече и со информациите дека е во врска со Лијам Пејн.

 

Scroll to Top