Мексиканскиот фудбалер Жоао Малек вчера изутрина предизвика прегази брачен пар во Гвадалахара на денот на нивната свадба. 20-годишниот фудбалер на „Севилја“ возел пребрзо со својот „мустанг“ кога ги прегазил педагогот Алехандро Кастра (33) и неговата штотуку венчана сопруга, Марија Пена (26). Според медиумите, тие се подготвувале за славење кога се случила несреќата. Зад себе оставиле две малолетни деца.
Медиумите пишуваат дека сцената на местото на несреќата била страотна. Автомобилот од силниот удар бил преполовен. Малек во автомобилот имал и сопатник и двајцата од ударот добиле повреди, но засега нема информации се тие повреди сериозни.
Сведоците тврдат дека Малек со „мустангот“ се забил во задниот дел на „шевролет авео“ и целосно го уништил.
„Тој воопшто не закочи. Возеше толку брзо што ги отфрли 10-15 метри“, рекол роднина на загинатите.
Во мексиканските медиуми се појавија вести дека Малек бил пијан ноќта кога се случила несреќата, но нема официјална потврда за тоа. Полицијата веднаш му направила алкотест, а резултатите не се познати. Канцеларијата на локалното обвинителство потврди дека Малек е под истрага за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици.