Легендарниот стадион на Милан и Интер, „Сан Сиро“, ќе биде срушен, откако двата клуба се согласија да изградат нов, кој ќе чини 650 милиони евра. Тие решиле дека е подобро да се изгради нов стадион, откако модернизацијата на постојниот стадион се покажала како прескап проект.
„Ќе изградиме нов ‘Сан Сиро‘ во истата област. Стариот стадион ќе биде урнат и на негово место ќе бидат изградени комерцијални објекти“, рекол претседателот на Милан, Паоло Скарони.
Новиот стадион ќе има 20.000 седишта помалку од сегашниот и треба да биде готов за сезоната 2022/23.
Оригиналниот стадион изграден во 1925 година, беше домаќин на четири европски финалиња и на шест натпревари од Светското првенство 1990 во Италија. Милан почна да го дели стадионот со Интер во 1937 година. Кога Интер играше на стадионот, тој се викаше „Џузепе Меаца“.