(Галерија) Панк-рок журка за паметење: Филхрамонија е најшизичкиот бенд во градот

Најубавата поп-рок и панк музика од 90-тите  спакувана во одличен аражман, вчера беа вистинско уживање  да се слушаат во Градскиот парк. Концертот „Љубов и револуција“,  втор од проектот „Филхармонија на отворено“, по „Ну погоди“, покажа дека Скопје се уште има душа.  Музиката која ги спои генерациите- мајките кои на своите деца им кажуваа дека ова се псени од нивно време, сеќавањата,  љубовните пораки кои ги претопуваа малдите, но и оние повозрасните. И ова уште еднаш покажа дека Филхармонија е бендот на Грдот.

„Слушајте ги текстовите, во секоја песна има љубовна порака“, рече Џијан Емин кој диригираше го Филхармонија.

Илјадната публика насобрана на тревникот се изнаигра,  додека се свиреа и пееа песните на култните бендови  Рејдиохед“, Ник Кејв, „Бисти бојс“, „Продиџи“, „Нирвана“, Дејвид Боуви, „Секс пистолс“, „Клеш“, Џими Хендрикс, „Пинк флојд“, „Рамштајн“. Величенствена журка.  Заедно со оркестарот на Филхармонијата настапи и хорот „ПроАрс“ со диригентот Сашо Татарчевски.

Scroll to Top