Најубавата поп-рок и панк музика од 90-тите спакувана во одличен аражман, вчера беа вистинско уживање да се слушаат во Градскиот парк. Концертот „Љубов и револуција“, втор од проектот „Филхармонија на отворено“, по „Ну погоди“, покажа дека Скопје се уште има душа. Музиката која ги спои генерациите- мајките кои на своите деца им кажуваа дека ова се псени од нивно време, сеќавањата, љубовните пораки кои ги претопуваа малдите, но и оние повозрасните. И ова уште еднаш покажа дека Филхармонија е бендот на Грдот.
„Слушајте ги текстовите, во секоја песна има љубовна порака“, рече Џијан Емин кој диригираше го Филхармонија.
Илјадната публика насобрана на тревникот се изнаигра, додека се свиреа и пееа песните на култните бендови Рејдиохед“, Ник Кејв, „Бисти бојс“, „Продиџи“, „Нирвана“, Дејвид Боуви, „Секс пистолс“, „Клеш“, Џими Хендрикс, „Пинк флојд“, „Рамштајн“. Величенствена журка. Заедно со оркестарот на Филхармонијата настапи и хорот „ПроАрс“ со диригентот Сашо Татарчевски.