Активниот јаглен се произведува од материјали кои се густо јаглеродни (лушпи од кокос, дрво, јаглен, ореви и тресет) кои се активирани со користење гасови (аргон или азот) или хемикалии, а потоа се изложени на високи температури.
Активниот јаглен е со црна боја, без мирис и вкус, со ситни пори на површината кои се врзуваат со токсините и хемикалиите. Оваа површина има негативен полнеж и ги привлекува позитивно наелектризираните гасови и токсини, а потоа заедно се исфрлаат од телото. Се проценува дека активниот јаглен може да ја намали апсорпцијата на тоскините до 60%.
Еве пет придобивки од користењето активен јаглен:
Помага при акутно труење и/или предозирање
Во некои случаи кога се користи со други третмани, активниот јаглен може да биде ефикасен начин да се ослободи телото од одредени хемикалии и токсини. Но активниот јаглен не земајте го на своjа рака, доколку имате труење лекарот ќе ви ја одреди терапијата.
Помага при гасови и надуеност
Таблетите со активен јаглен можат да се користат за ублажување на гасови и подуеност. Факторите кои произведуваат гас во храната се врзуваат со јаглен и можат да обезбедат олеснување од симптомите на надуеност и абдомални гасови.
Овозможува детокс на организмот
Д-р Џош Акс тврди дека активниот јаглен може да помогне во одржувањето на здравиот дигресивен тракт, бидејќи може да ги острани токсините од животната средина кои можат да предизвикаат алергиски реакции и да имаат негативно влијание врз функцијата на имунолошкиот систем.
Го намалува холестеролот
Една студија во германското списание „Лансет“ докажа дека лицата кои користат јаглен имаат низок холестерол. Истражувањето трело четири недели, а испитаниците кои земале по три дози од 8 грама активен јаглен имале просечен пад од 25% во вкупниот холестерол и 41% на лош холестерол.
Избелување на забите
Активниот јаглен помага при избелување на темни дамки од кафе, вино и цигари. Помага и при болести на непцата и лош здив. За оваа намена нанесете јаглен во прав на вашата четка за заби. Не би требало да ги избелувате забите со јаглен повеќе од двапати во текот на неделата.