Британската водителка и јутјуберка Емили Хартриџ мината недела загинала во тешка сообраќајна несреќа откако во неа удрил камион. Полицијата излегла со соопштение во кое не го навела нејзиното име, но изјавила девојка загинала во петокот вечерта во тешка сообраќајна несреќа.
Смртта на Емили ја потврдил нејзиниот дечко. Емили е позната водителка во Британија, а го водела онлајн каналот „10 причини зошто“. Нејзината смрт покрена голема дебата во општеството во врска со користењето на електричните тротинети и безбедноста при возењето на ваквите популарни возила.
Ник Лојд од Кралското друштво за спречување на несреќите, изјавил дека ова е прв смртен случај во Британија, во кој еден од ученсиците за превозно средство користел електричен тротинет.
Во Британија е забрането да се вози моторизиран тротинет на улица или тротоар, но законот во голема мера се прекршува од страна на граѓаните. Досега е регистриран уште еден сличен случај во кој тинејџер се здобил со тешки повреди и се наоѓа во критична состојба, по несреќата која ја доживеал возејќи електричен тротинет.