Натали Имбрулија бремена од донатор на сперма

Една од најпопуларните австралиски пејачки, Натали Имбрулија, откри дека ќе стане мајка. Таа на 44 години остана бремена преку ин витро процедура, со донатор на сперма. Ова е прво дете за пејачката.

„Благодарна сум што медицината денеска е толку напредна што им овозможува на жените да станат мајки, дури и ако не го нашле партнерот за тоа“, напиша таа на „Твитер“.

Имбрулија одамна изјави дека ако не успее да остане бремена по природен пат, тогаш ќе побара друга опција и дека е подготвена на предизвикот да биде самохрана мајка.

Освен што откри дека ќе има дете, пејачката што се прослави со песната Torn, додаде и дека снима нов албум, а дека тој ќе биде промовиран пред да се породи.

Scroll to Top