Поранешниот партнер на актерката Сандра Булок, Џеси Џејмс со години ја изневерувал актерката со повеќе жени истовремено, пишуваат американските медиуми. Сандра во 2010 година се најде среде голем скандал кога неколку жени и кажале дека спијат со нејзиниот партнер Џејмс, додека таа била во брак со него.
Сандра за разлика од актерската кариера, каде работите се одвиваат како подмачкано, не може премногу да се пофали во љубовниот живот, пишуваат светските медиуми.
Некогаш ја опишувале како грдото пајче, а сега таа е една од најуспешните актерки во светот. Пораснала во уметничко и музичко семејство, но сватила дека актерската кариера е вистинскиот пат за неа. Актерката вчера го прослави својот 55 роденден.
Булок не е само една од најуспешните актерки, туку и најплатена. Се најде на листата на најубави жени во светот. Иако на деловен план работите и одат како подмачкани, на љубовно поле не може премногу да се пофали.
Сандра во деведесетите години била во врска со Тејт Донован, но двојката се раздели. Потоа Сандра продолжи да излегува со Метју Меконахеј, додека Тејт ја заменил со Џенифер Анистон. Тогаш Булок и Анистон беа големи ривалки, но сега велат дека се блиски пријателки.
По романсата со Метју, Сандра продолжи да се гледа со Џеси Џејмс. Но и оваа романса не траела. Џеси ја изневерил со неколку жени истовремено. Сандра по четири години брак, во 2009 година со Џејмс се борела за старателството над неговото дете од неговиот претходен брак, со порно ѕвездата Џени Линдемулдер.
Година дена подоцна, повторно Сандра се најде во голем скандал во медиумите. Неколку жени јавно откриле дека имале сексуални односи со Џејмс, иако тој бил во тој период во брак со Сандра. Тогаш се пријавил во клиниката за рехабилитација за да престане да биде зависен од секс, а Сандра побарала развод.
Во меѓувреме актерката го посвоила синот Лоуис и ќерката Лаила, а од 2015 година е во врска со фотографот Брајан Рандал, кој го крие од јавноста.