Светскиот музичар Лени Кравиц ги сруши сите предраси во љубовните односи, пишуваат светските медиуми. Кравиц не само што има добар однос со поранешната сопруга, туку тој одлично се согласува и со нејзиниот нов партнер, актерот Џејсон Момоа.
Да се има добар однос со поранешниот партнер, е нешто со кое малкумина можат да се пофалат пишува Times. Сепак, секое правило си има свој исклучок, а тоа го покажува Кравиц, кој во интервју за весникот, открил дека е во добр однос со поранешната сопруга Лиза Бонет, и нејзиниот дванаесет години помладиот сопруг Џејсон Момоа.
„Ни требаше време за да станеме најдобри пријатели. Нашите семејства се измешани. Го сакам нејзиниот сопруг. Тој ми е како брат. Нашиот однос сега е прекрасен, но ни требаше време да работиме на тоа“, изјавил Кравиц.
Лени и Лиса се разведени од 1993 година. Шест години биле во брак, од кој ја имаат ќерката Зое. Лиса и Момоа се запознале во 2005 година, а се венчаа во 2017 година. Имаат две деца на кои им дале необични имиња. Синот се вика Накоа Волф Манакауапо Намакаеха Момоа, а ќерката се вила Лола Лолани Момоа.
Џејсон Момоа е познат по улогите во „Игра на престолот“ и „Аквамен“. Неодамна актерот реши да се ослободи од брадата по која беше препознатлив во светот.
Во јануари е прогласен за најубав маж на светот, според листата која од 1990 година ја составува филмскиот критичар TC Candler. истата листа се темели на предлози кои доаѓаат од јавноста.