Алан Дафи главниот научник на „Ројал Институтот“ од Австралија минатата недела бил преплавен со повици од новинари, кои барале одговор од него, зошто не бил забележан огромниот астероид 2019ОК, кој веќе прелетал околу планетата Земја.
Прогнозите за таа недела поточно четвртокот 25 јули 2019 година, биле дека околу земјата ќе поминат неколку помали астероиди. До тој момент, човештвото не знаело ништо за тој астероид. Тоа било прв пат како бил регистриран.
This is the video of the close encounter of Asteroid 2019 OK we have been Twitting all day with the Earth: https://t.co/bjT7uhQJuO pic.twitter.com/3e4UyPcdPl
— ASAS-SN (@SuperASASSN) July 25, 2019
Подоцна Дафи за новинарот Алисон Чијо од „Вашингтон пост“ му раскажал дека оддеднаш го зебележал објектот на еден од своите компјутери.
„Се појави од никаде. Бев запрепастен. Бев во шок“, вели Дафи кој успеал да го забележи астероидот на еден од своите компјутери, но во моментите кога тој прелетувал околу самата Земја.
„На екранот од својот компјуер видов како прелетува покрај Земјата. Беше 2:22 часот по полноќ според нашето време. Леташе со брзина од 25 километри во секунда, на оддалеченост од нас, само една петина од растојанието меѓу Земјата и Месечината“, вели Дафи.
Дафи вели дека НАСА и многу други опсерватории ширум планетава, треба да ги забележуваат ваквите астероиди многу порано. Тоа што овој не го забележале на време не е нивна грешка, туку Дафи вели дека проблемот лежи во тоа што во 21 век многу лесно се трошат неколку милијарди долари за производство на нови оружја или воени интервенции, за спасување на мегабанки и слично, на сметка на истражувањето на вселената.
Димензиите на астероидот биле меѓу 52 и 129 метри во обем, а се проценува дека во тој момент во однос на Земјата, се движел со брзина од дури 88,500 километри на час. Силната експлозија би зависела од аголот под кој истиот би удрил.
Ако го променил правецот за растојание од една петина од растојанието меѓу Земјата и Месечината, во тој случај, научниците проценуваат дека би се случила експлозија со сила еквивалентна на нуклеарна бомба од 10 мегатони, нешто што спаѓа во редот на силни хидрогенски бомби.
Или според некои проценки, просторот кој би го уништил метеорот би бил со големина од 2000 километри квадратни, што е отприлика како случајот кој настанал во Сибир во 1908 година со тунгуската експлозија.
Тоа што астрономите ваквиот астероид го откриле во моментите кога истиот веќе минувал покрај Земјата е многу лоша вест.
Во целата таа инфраструктура, човештвото би требало да вложува многу повеќе, за да не дозволи да се повтори вакво нешто. Еден астероид како што е 2019ОК може да удри во населено подрачје на Земјата.
2000 квадратни километри, е отприлика околу 20 пати поголема површина од градот Париз. Или двојно повеќе од Хонконг, или осмина од Пекинг, или пак три пати како градот Њујорк, велат научниците.
Ваков сличен инцидент се случи пред шест години, во 2013 година, кога астероид неспоредливо помал, влезе во Земјината атмосфера и експлодираше со силина од 0,5 мегатони на висина од 26 километри над Челјабинкс во Русија. Во експлозијата беа повредени 1200 луѓе, а беше причинета и значителна материјална штета.