Вонземјаните би можеле да бидат привлечени од светлината и бучавата од Земјата – и можеби тие веќе се на пат да
пристигнат на планетава и да ја поробат човечката раса, пишува британски Sun.
Од првото користење на електрични ламби во 19 век, општеството не погледна назад, така што сега, куќите и улиците се постојано осветлени.
Покрај очигледните придобивки за општествата и економијата, постои зголемена свесност за негативното влијание на вештачката светлина.
Сепак, еден аспект го избегна центарот на вниманието. Имено, таа светлина не дозволува само да се види, туку таа може и да се види од надвор. Ова може да привлече несакано внимание – и не само од молци и слични инсекти.
Природната љубопитност на луѓето и нашето растечко знаење за универзумот во кој живееме не доведоа до едно важно прашање: Дали постојат цивилизации на останатите планети?
Научниците сега веруваат дека има многу места во универзумот кои можат да содржат едноставни форми на
живот, како што се бактерии. Она што е повеќе интересно е идејата дека таквиот вонземски живот би можел да стане технолошки напреден, можеби дури и над нашиот капацитет.
Оваа идеја ја зароби имагинацијата на пошироката јавност, раѓајќи богата колекција на научна фантастична литература и блокбастер филмови, а едно од сценаријата е дека вонземјаните може да дојдат и да ја нападнат нашата планета.