Британскиот весник „Дејли Мејл“ објави видео од фотографија со која го компромитира синот на кралицата Елизабета II, принцот Ендру, како соучесник во делата на милијадерот педофил Џефри Епстајн, кој минатата недела се обеси во својата ќелија во затворот додека го чекаше обвинението за сексуална трговија со малолетнички.
Епстајн беше уапсен поради сомнение за сторени кривични дела поврзани со тргување со малолетни девојки и врбување на негови блиски пријатели, меѓу кои се најдоа и принцот Ендру и поранешниот американски претседател Бил Клинтон. Медиумите го поврзаа Епстајн и со сегашниот претседател на САД Доналд Трамп.
Една од жртвите Вирџинија Робертс, во јавноста изнесе информации дека имала секс со принцот, во време кога таа била малолетна. Дури испливале и нивни заеднички фотографии од тоа време.
Од самоубиството на Епстајн минатата недела, Бакингемската палата постојано негира дека принцот бил вмешан на било каков начин во скандалот.
„Секоја информација за поврзаноста на принцот Ендру со малолетнички е невистинита. Негираме дека војводата од Јорк имал каков било сексуален контакт или врска со Вирџинија Робертс. Секое спротивно тврдење е лажно и без основа“, порачуваат од кралската палата.
„Дејли Мејл објави ексклузивна снимка и фотографија која уште повеќе го компромитира британскиот принц. Ендру е снимен како ѕирка низ дрвената врата од една вила на Менхетен, додека се поздравува со млада девојка, која ја напуштила куќата од 69 милиони евра.
На снимката се гледа како по поздравот, Ендру проверува дели околу има сведоци кои би можеле да го видат. Според пишувањата на „Дејли Мејл“, снимката докажува дека војводата од Јорк бил во посета на домот на Џефри Епстајн.
Снимката од војводата од Јорк, тогаш специјален претставник на Велика Британија, за меѓународна трговија, се снимени за помалку од еден час, откако Епстајн од истата вила излегол во друштво на млада русокоса девојка.
Видеото е снимено на 6. декември 2010 година, кога принцот бил во посета на вилата на Епстајн, место познато како „куќата на ужасот“. Епстајн кој минатиот векенд се уби во затвор, бил осуден во 2008 година за секс со дете и неговото име стоело во регистарот за сексуални претстапници.