Бомбици со лешник и еурокрем

Потребни состојки:

800 г еурокрем
400 г путер
2 бели чоколада
2 црни чоколада
200 г лешници
200 г мелени бисквити
200 г бадеми
кокос и мелени лешници за валкање и декорација

Начин на подготовка:

На тивок оган растопете црно чоколадо со 200 г путер, а потоа додадете црн еурокрем, па мешајте и додавајте ситно сечкани лешници и 100 г мелени бисквити. Тргнете ја смесата од оган и оставете ја да се излади. На тивок оган растопете бело чоколадо со 200 г путер, па додадете бел еурокрем и ситно сечкани бадеми. Мешајте на тивок оган, а потоа додадете ги мелените бисквити. Кога ќе се излади смесата, правете топчиња и валкајте ги во кокос или во мелени лешници.

Scroll to Top