Јапонскиот доктор Шигеаки Хинохара, кој живеел 105 години, пред крајот на неговиот живот на своите пациенти им го открил рецептот за долговечноста.
Хинохара починал на 18 јули 2017 година, а јапонските медиуми по веста за неговата смрт, пишуваа дека Јапонија го изгубила своето национално богатство. Хинохара дал непроценлив придонес за развојот на здравствената заштита во земјата и како лекар, но и како научник.
Хинохара бил шеф на пет фондации и претседател на Меѓународната болница на „Свети Лук“ во Токио. Исто така, во Јапонија вовел годишно сеопфатни лекарски прегледи, што придонело за зголемување на животниот век кај луѓето.
Хинохара успеал да остане во одлична кондиција и со добро здравје и покрај тоа што работел по 18 часа дневно.
„Енергијата доаѓа кога се чувствувате добро, а не ако јадете или спиете доволно. Не го мачите своето тело со правила како што се паузата за ручек и попладневна дремка. Се сеќавате ли само како тоа изгледало кога бевме деца? Не сакавме ниту да јадеме ниту да спиеме, само ни беше грижа да играме“, вели лекарот.
Хинохара верувал дека возрасните ако сакаат да живеат долго, мораат да се однесуваат како деца и да водат сметка за тежината.
„За појадок ќе испијам кафе, чаша млеко и малку сок од портокал со лажичка маслиново масло. За ужинка пијам млеко и јадам колачи. Понекогаш воопшто не јадам кога сум зафатен. За ручек јадам овошје, риба и ориз, а двапати неделно јадам по 100 грама месо“, вели лекарот.
Според него, музиката и терапијата со животни им помага на пациентите повеќе од што лекарите можат да замислат.
„Болницата би требало да води сметка на пациентите да им ја врати насмевката на лицата. Во нашата болница имаме часови со музика, терапија со животни и уметност“, изјавил Хинохара.
„Само науката може да му помогне на човекот. Научката ги ‘чешла’ сите работи под еден ‘чешел’, но болестите различно се манифестираат. Секоја личност е уникатна, исто како и нејзината болест. Нашите болести се поврзани со срцето. За да разбереме од што е болен пациентот и за да му помогнеме, потребна ни е музиката и уметноста, а не само лековите“, вели Хинохара.