Актерката Кирстен Данст доби ѕвезда на Булеварот на славните. Таа се појави на патеката на славните во Холивуд заедно со нејзините вереник Џеси Племонс, но и 15 месечниот син Енис Ховард, на кого ова му е прво официјално појавуавње во јавноста.
Актерката, пејачка и манекенка Кристен Данст славата ја стекна во филмот „Интервју со вампирот“, а по дебитанската улога, ја заработи и првата номинација за „Златен глобус“, за најдобра споредна улога. Нејзиниот партнер Џеси имал само пофални зборови за неа.
„Не можам да бидам погорд. Во сите твои улоги внесуваше хуманост, сила и ранливост. Освен тоа што си извонредна актерка, имав среќа да те запознаам и како личност. Ти си прекрасна мајка, сопруга, ќерка, сестра и пријателка. Ние денес сите сме тука затоа што те сакаме. Навистина си единствена и најдобра жена на светот. Патеката на славните може да биде среќна што ќе го има твоето име на плочникот“, изјавил Џеси.
Џеси и Кирстен се запознаа за време на снимањето на серијата „Фарго“ во 2014 година, а во љубовна врска влегоа две години подоцна. Се венчаа во јануари минатата година. Ова им е прво дете.
„Сватив дека сакам дете кога се породи мојата кума. Толку ја сакам и не можам да ја објаснам таа љубов. Тоа може да се искуси дури откако ќе добиеш дете“, изјавила Данст за магазинот People.