Официјални претставници на НАСА истакнаа дека до 2024 година планираат да ја испратат првата жена на Месечината. Од НАСА велат дека на тој начин сакаат да го прослават успехот на женското претприемаштво.
Во неодамнешниот говор на официјалниот претстаник на НАСА, Џим Бриденстин, укажал на тоа дека неговата ќерка го мотивирала во неговата работа и дека и жените во иднина треба да имаат еднаков третман во изборот на астронаути кои ќе слетаат на Месечината.
„Јас имам единаесетгодишна ќерка. Сакам таа да се гледа како некој кој ќе има можност каква што и јас сум имал на нејзини години“, изјавил Џим.
Во моментов само 12 жени астронаути работат во НАСА, што е помалку од една третина од вкупниот број на астронаути, а новите предизвици и пречки укажуваат на тоа дека НАСА во наредниот период нема да може да испрати било кого на Месечината.
Проектот наречен „Артемида“, според грчката божица на Месечината, во наредните пет до шест години би чинел меѓу 20 до 30 милијарди долари, а парите допрва треба да се обезбедат.
„Една од причините со кои мораме да се носиме е политичкиот ризик кој НАСА го прифати кога станува збор за проекти на друга планета или сателит“, изјавил Џим.
Мислењето на американскиот претседател Доналд Трамп, засега останува нејасно за ваквата мисија, пишува „Индепендент“, но светските медиуми пишуваат дека тој инсистирал НАСА да се фокусира на многу поважна мисија отколку на тоа да ја испрати првата жена на Месечината. Трамп за пример го земал слетувањето на Марс.