Ќерката на Кејти Холмс го има наследено само нјаубавото од неа, пренесуваат американските медиуми. Двете имаат слична фризура, костенливи очи и неодолива насмевка. Сури Круз денес има 13 години и многу често папараците ја снимаат во друштво на нејзината мајка.
Сури многу ретко се огласува на социјалните мрежи, но се чини дека таа ужива во тинејџерските години, велат блиски пријатели на Холмс. По разводот од Том Круз во 2012 година, Холмс вели дека дала сè од себе за да може Сури да ужива во детството и да биде далеку од очите на папараците.
Актерката понекогаш знае да сподели фотографии од својата ќерка и секој пат кога ќе го направи тоа, следува лавина позитивни реакции и коментари од нејзините фанови.
„Прекрасни фотографии“, „Двете изгледате како близначки“, се само некои од коментарите на обожавателите.