Турската актерка Мерием Узерли, позната како Хурем Султан, беше гостинка на Филмскиот фестивал во Венеција Со облеката многумина ги потсети на својата најдобра улога , султанката Хурем. Таа носеше раскошен фустан во боја на шампањ, дизајнирана од славниот либанонско-италијански дизајнер Тони Вард.
Актерката има 35 години, а фановите многу ѝ замеруваат дека си го уништила лицето со пластични операции.