Играјќи фудбал почина синот на бразилската легенда Кафу

Синот на бразилската фудбалска легенда Кафу, Данило Фелисано де Мораес, почина вчера на 30-годишна возраст од срцев удар. Данило играл фудбал со своето друштвото во близина на неговиот дом во Сао Паоло. Тој се срушил на теренот и бил веднаш пренесен во болницата „Алберт Ајнштајн“, каде што починал. Данило е најстариот од трите деца на поранешниот светски шампион Кафу.

Синот Велингтон (лево), Кафу, ќерката Мишел и синот Данило (десно)

49-годишниот фудбалер, кој се прослави играјќи фудбал за бразилската репрезентација и за „Милан“, кариерата ја почна во клубот „Сао Паоло“ кога имаше 19 години. За репрезентацијата на Бразил играше 142 пати и со нив двапати го освои светското првенство во фудбал, во 1994 и 2002 година. Два пати беше и во тимот што ја освои Копа Америка. Тој десет години по ред беше избиран за најдобар десен бек во светот, а и денес го сметаат за еден од најголемите бразилски фудбалери.

 

Scroll to Top