Творецот на некои од најголемите хитови на познатите светски пејачи Лешон Даниелс загина во сообраќајна несреќа во Јужна Каролина на 41 годишна возраст. Веста за трагичната несреќа ја соопшти неговото семејство.
„Со длабока тага можеме да ви пренесеме за трагичната смрт на нашиот сакан сопруг, татко, член на семејство и пријател Лешон Даниелс. Лешон беше жртва во кобна сообраќајна несреќа која се случи во Јужна Каролина“, објавила на својот „Инстаграм“, сопругата на несреќно починатиот контавтор Ејприл Даниелс.
„Би сакале да ја изразиме нашата искрена благодарност за непрекинатата љубов. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овие тешки моменти“, додала неговата сопруга.