Овен
Во текот на денот комуникацијата со вашите блиски соработници ќе биде отежната, а ќе наидете на проблеми кои нема да можете да ги решите. Нема да ви ви биде лесно целосно да ги отворите своите емоции, иако тоа е единствениот исправен начин да дојдете до среќата. Внимавајте на здравјето и избегнувајте ги цигарите.
Бик
Ве очекуваат убави вести кои ќе ви дадат надеж за подобра деловна иднина. Отворено ќе покажете пред вашата сакана дека сте подготвени вашиот однос да напредува. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на конзумацијата на шеќерот.
Близнаци
Ве очекуваат некои нови компликации на деловно поле. Бидете подготвени на голем број пречки. На прво место ви е искреноста меѓу вас и вашата сакана личност. Кога ја нема искреноста, сè друго е залудно. Внимавајте на здравјето и проблемите со нискиот притисок.
Рак
Поведете сметка на работите кои во минатото ви останале недовршени. Време е да се посветите на вашите обврски. Сеуште не сте сигурни дали сакате сериозна врска или само авантура. Не сте подготвени за големи промени. Со здравјето сè е во ред. Имате и вишок на енергија.
Лав
Немојте да влегувате во нови деловни преговори во текот на денот. Обидете се да ги одложите важните одлуки. Личноста која ви се допаѓа засега делува дистанцирано, па не ви е лесно да и се доближите или отворено да ги покажете вашите интереси. Внимавајте на здравјето и проблемите со коските и кичмата.
Девица
Можно е да не сте подготвени на поголеми деловни промени иако претчуствувате дека е дојдено време за тоа. Пред вас е можност да ја поправите комуникацијата со личноста за која имате силни чувства и да почнете од почеток. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на конзумацијата на течности.
Вага
Не очекувајте добар ден на работа. Најдобро би било да не ризикувате премногу на ова поле. За оние кои имаат партнер, ги очекува период во кој ќе имате помали проблеми во комуникацијата со нив. Внимавајте на здравјето и проблемите со холестеролот.
Шкорпија
Не сте задоволни од околностите во кои се наоѓате и сакате да го промените работното место. Чувствувате дека е дојдено време за тоа. Не сакате да го изгубите партнерот и подготвени сте да се потрудите вашиот однос да се промени на подобро. Внимавајте на здравјето и проверете го крвниот притисок.
Стрелец
Се наоѓате под голем притисок и не ви е лесно да ги решите сите деловни проблеми кои ги имате. Покажете и на саканата личност дека кон неа имате искрени чувства и дека сте подготвени да бидете тука за неа. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на главоболка.
Јарец
Пред вас е можност да остварите напредок на работното место. Судбината денес е на ваша страна. Немојте да очекувате сериозна врска. Внимавајте на здравјето и при првата можност веднаш посетете лекар.
Водолија
Ќе бидете задоволни од деловната ситуација. Можете да очекувате дека ќе успеете да ги остварите своите амбиции. Можно е да немате доволно доверба во саканата личност и оттаму почнуваат сите проблеми во вашата врска. Внимавајте на здравјето. Би ви годела физичка активност.
Риби
Ќе ги надминете сите проблеми кои ве кочеле во деловна смисла. Доаѓаат подобри времиња за вас. Ќе имате стабилен однос со личноста до која ви е грижа и на ова поле не планирате поголеми промени во наредниот период. Внимавајте на здравјето. Поведете сметка на желудникот.