Фановите а Серена Вилијамс ја обвинија војвотката Меган Маркл за поразот на тенисерката од Анџелика Кербер на турнирот „Вимбелдон“.
„Меган многу те сакам, но навистина ти ли си малерот? Многупати беше сведок од трибините на поразите на Серена“, и напишаа фановите на Меган.
Меган и Серена се добри пријателки. Војвотката дури и го остави својот сопруг принцот Хари и синот Арчи во кралската палата, за да отпатува за Америка, за да ја поддржи тенисерката од трибините.
По поразот фановите на Вилијамс ја замолија Меган повеќе да не доаѓа на турнирите на кои игра тенисерката, пренесува „Дејли Мејл“.
„Драга Меган, те молам престани да доаѓаш на финалните мечеви на Серена. Носиш несреќа“, напишаа фановите во коментарите.
Меган беше на трибините беше во присуство на сопругот на Серена, Алексис Аханиан.