Светскиот актер Џони Деп се појави на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција. Модните критичари велат дека со својот изглед Деп ги воодушевил многумина од фановите за кои е препознатлив како валканиот капетан Џек Спероу, пиратот од Карибите.
Деп беше облечен во класично издание на лош тип. Актерот зачекори со разбушавена коса, цигара во усните и очила за сонце. „Деп изгледа совршено“, „Се чини како на крајот да дошол при себе“, биле само некои од коментарите на социјалните мрежи.
Актерот делеше автограми, правеше селфи и изгледаше како целосно да ја заборавил драмата која ја доживеа со поранешната сопруга Амбер Хард, пишуваат светските медиуми. Прво Амбер го тужеше актерот за физичко насилство, а потоа Деп ја тужеше неа поради клевета и бараше милионска парична оштета.
На крајот во јавноста се појави фотографија стара четири години, на која Деп лежи крвав во болница, по физичка пресметка со Амбер. Актерот имал тешки повреди, а имал и скршеница на прстот, откако Амбер фрлила кон него со стаклено шише, пренесува „Дејли Мејл“.
Адвокатот на Деп изјавил дека неговиот клиент бил жртва на насилство, додека адвокатите на Амбер ги негирале ваквите обвинувања. Во јавноста излегоа и фотографии од Амбер со модрици на лицето и искубана коса. Таа го обвини Деп, а фотографиите ги приложи пред судот како докази за физичко насилство.